Денеска прво рочиште за тужбата на Катица Јанева против Боки-13
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Во скопскиот Кривичен суд за денеска е закажано првото рочиште од предмет во кој поранешната специјална обвинителка Катица Јанева го тужи Бојан Јовановски – Боки 13 за нелегално снимање. Тужбата е поради фотографијата на која се гледа Јанева со пари, а која наводно ја снимил Јовановски.
На снимката, поради која Јанева го тужи Јовановски, се гледа поранешната Специјална обвинителка во нејзниот дом, а пред неа сноп со пари, за кои Обвинителството тогаш тврдеше дека се во апоени од по 500 евра. Фотографијата беше прикажана во Суд при презентирањето на материјалните докази во предметот „Рекет“, а по вештачењето на мобилниот телефон на Боки-13 во истиот предмет.
Во предметот „Рекет“, Катица Јанева е првостепено осудена на 7-годишна затворска казна, а Бојан Јовановски на 9 години казна затвор.
Извор: Радио Слободна Европа