Денеска рочиште за инцидентите во општина Центар | Правдико

Правдико

   

Денеска рочиште за инцидентите во општина Центар

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во Кривичниот суд денеска е закажано ново рочиште за насилните инциденти во општина Центар од 2013 година. Според обвинението на Специјалното јавно обвинителство, се товарат 14 лица, од кои пет лица како поттикнувачи, а останатите како директни извршители на насилството.

Првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а обвинети се и ексминистерот Миле Јанакиески и поранешната советничка во Општина Центар, Даниела Рангелова. Според обвинението, Груевски во случајот е нарачател на насилството, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да го спроведе насилството врз градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и членовите на општинскиот совет.

На минатото рочиште дојде градоначалникот Жерновски да сведочи, но беше одложено, бидејќи пет од обвинетите не присуствувале.

Извор:Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико