Денеска состанок на Советот за безбедност на ОН за Јемен | Правдико

Правдико

   

Денеска состанок на Советот за безбедност на ОН за Јемен

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

jemen-1Советот за безбедност на Обединетите нации денеска попладне се состанува на разговори за кризата во Јемен. Русија повика на консултации зад затворени врати за нејзиниот предлог за хуманитарна пауза во Саудиските воздушни напади врз земјата. Секретарот за хуманитарни прашања, во ОН Валери Амос, изјави дека во насилствата во Јемен во изминатите две недели загинале околу 519 луѓе, меѓу кои 90 деца, и дека десетици илјадници бегаат од своите домови.

Саудиска Арабија е водечка коалиција на арапските држави во воздушната кампања против шиитските бунтовници кои зазедоа поголеми делови од Јемен. Бунтовниците продолжуваат да напредуваат и покрај воздушните напади во изминатите две недели.

ОН го подржуваат претседателот на Јемен Абд Рабу Мансур Хади кој поради напредувањето на бунтовниците побегна во Саудиска Арабија.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико