Правдико

   

Денеска студентите ќе предаваат за ГТЦ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во рамките на кампањата „Излези за ГТЦ“, денес (09.04.2015) со почеток во 18 часот студентите од архитектонскиот факултет во Скопје ќе одржат прошетка и предавање низ ГТЦ. Секој заинтересиран граѓанин кој сака да дознае повеќе за културните и архитектонските вредности на објектот, неговиот историјат, но и други интересни факти врзани за ГТЦ, можат слободно дојдат и да го проследат предавањето. Преку прошетка и демонстрација на автентични фотографии и други материјали, студентите ќе го доловат духот и значењето на Градскиот Трговски Центар додека пак преку интерактивна презентација ќе ја аргументираат важноста од зачувување на автентичноста на неговиот изглед.

Прошетката започнува на платото во ГТЦ од страната на Жена Парк. Студентите ветија дека доколку има интерес тие ќе ја повторат оваа интерактивна презентација во текот на кампањата повеќе пати.

Изградбата на ГТЦ e започната на 1 мај 1969. На 29 ноември 1972 е завршен централниот дел, а свеченото отворање се случило во 1973 година.  За ГТЦ бил распишан меѓународен конкурс на кој идејното решение било второнаградено меѓу 23-те труда. Автор на објектот е наградениот архитект и професор Живко Поповски.

Граѓаните на општина Центар ќе имаат можност да гласаат на референдумот кој е закажан на 26 април и да одговорат на прашањето: „Дали сте за зачувување на автентичниот изглед на фасадата на ГТЦ?“. Референдумското изјаснување ќе трае од 07:00 часот наутро па се до 19:00 попладне а право да гласа има секој жител на оваа скопска општина што е впишан во избирачкиот список.

Партнери на Правдико