Денеска во 13 часот средба на работните групи за медиуми | Правдико

Правдико

   

Денеска во 13 часот средба на работните групи за медиуми

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Работната група за реформа во медиумите денеска во 13 часот ќе одржи средба во Клубот на пратеници.

12179386_1166934866669347_1001955321_n

Последна средба на работните групи се одржа во четвртокот, а преговорите се закочени од петокот, откако на билатералните средби со белгискиот олеснуваач Питер Ванхауте, преговарачите му ги повториле црвените линии од кои немаат намера да отстапат.

На последната средба се зборуваше за законот што го предложи СДСМ, кој не е прифатлив за Здружението на новинари на Македонија, а експресно го одби и ВМРО-ДПМНЕ. Според претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ги здружиле напорите за да го минираат предлогот на европскиот посредник Питер Ванхауте за реформа на медиумскиот систем.

Според Илија Димовски, член на преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ, овој закон е противуставен, неевропски и го нема во ниту една држава во светот.

Посредникот во преговорите за регулација на медиумите, Ванхауте, во последната своја изјава, дадена по средбата во четвртокот, ги повика политичките партии да постигнат што е можно поскоро компромис за регулација на медиумската сфера. Според него, потребен е нов закон за медиуми кој нема да биде копија на законодавството од друга земја.

– Не е добра идејата да се копира од европските земји и да се земаат закони од нив затоа што вие имате различен правен систем, друг устав, друг менталитет. Вашите медиуми не може да се споредуваат со медиумите во другите земји. Затоа, ве молам, обидете се да го искористите тоа што го имате и да го подобрите – изјави Ванхауте.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико