Денеска во Хрватска се гласа на референдум за дефиницијата брак | Правдико

Правдико

   

Денеска во Хрватска се гласа на референдум за дефиницијата брак

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.
g_hrvatska-forwebГраѓаните на Хрватска денеска гласаат на референдум преку кој, истополовите бракови во таа држава би можеле да бидат забранети.
На денешниот референдум силите се јасно поделени, владејачките партии кои се лево и либерално ориентирани, се против дефиницијата на семејство,само како заедница на маж и жена, а во тоа имаат поддршка од познати јавни личности како Северина и Нивес Целзијус.
На другата страна се десно ориентирани партии кои сакаат со референдумот да застанат на патот на воведувањето на хомосексуалните брачни заедници кои веќе се признати во девет држави на ЕУ.
Реферндумот е распишан врз основа на повеќе од 700 илјади потписи на граѓани кои ги собра иницијатива „Во име на семејството“. Неофицијалните резултати ќе се знаат вечерва по осум часот.
Извор: Netpress

Препорачуваме

Партнери на Правдико