Деновиве СЈО ќе поднесе обвинение за случајот „Транспортер“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Специјалното јавно обвинителство најави дека во следните денови ќе поднесат обвинителен акт за предметот познат како „Транспортер“ во кој првоосомничен е градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
Ова го соопшти специјалната јавна обвинителка, Фатиме Фетаи пред да ги образложи четирите нови истраги кои ги отвори СЈО за финансиски криминал.
Битолскиот градоначалник и уште 22 лица се осомничени дека го злоупотребиле буџетот на Република Македонија за 360 илјади евра поради незаконско организирање на училишниот транспорт.
Извор: Макфакс