Правдико

   

Дерковски: На избирачкиот список има околу 1,8 милион гласачи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, и министерот за внатрешни работи, Наке Чулев, на денешната заедничка прес-конференција истакнаа дека тие имаат високо ниво на соработка.

„Веројатно в среда ќе го заклучиме избирачкиот список. Се завршија сите потребни активности, обработката на податоците. Не можам да ви ја кажам точната бројка, но околу 1.814.000 гласачи ќе бидат на избирачкиот список на овие избори. В среда дефинитивно ќе ја соопштиме бројката“, изјави Деркоски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање, кажа дека засега нема голем број  барања за замена на членовите и замениците од избирачките одбори.

„Согласно Законот, познати се критериуми коишто треба да се исполнат за да бидете изземени од член и заменик-член на избирачкиот одбор. Јас сум задоволен од тоа што не е голема бројката на таквите барања. Сите треба да бидеме свесни дека треба да дадеме свој придонес како граѓани на оваа држава за да се спроведе избирачкиот процес на најдобар можен начин“, изјави Деркоски.

Членовите на избирачкиот список ќе можат да бидат изземени од изборите само доколку имаат сериозни здравствени причини, хронична болест од листата на хронични болести што е објавена на сајтот на Министерството за труд и социјална политика и сериозни семејни причини за кои треба да обезбедите докази.

„Избирачкиот список е чист, ги содржи податоците на сите полнолетни граѓани кои имаат државјанство на Република Македонија. Сметам дека континуираното чистење на списокот во ДИК доведува до тоа  овој список да има високо ниво на прочистеност, ако можам така да се изразам. Граѓаните не треба да се грижат дали избирачкиот список е во ред“, изјави Деркоски.

Дерковски соопшти дека избирачките места кои не ги задоволувале критериумите за овие избори се заменети со други локации за гласање.
Во помалите рурални средини каде што нема услови, ќе се гласа во приватни закупени објекти.

Гласачите од дијаспората не се пријавиле во доволен број и затоа тие нема да гласаат на овие избори.

Дерковски истакна дека соработката на ДИК со МВР ќе продолжи и понатаму.

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја потенцираше важноста на одржување демократски и фер парламентарни избори и се заблагодари на ДИК за соработката.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико