Правдико

   

Десет лица од Пакистан и Авганистан откриени во возило во Гевгелија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Синоќа по полноќ на булеварот „Гевгелија“  во Гевгелија, поради редовна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, пришто биле откриени 10 лица – мигранти, осум од Пакистан и двајца од Авганистан.

Kако што соопшти Министерството за внатрешни работи возачот побегнал од лице место, но по кратко време бил стигнат и лишен од слобода.

„Се работи за лицето В.Ф.(35) од с.Студеничани, скопско. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, велат од МВР.

Мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ – железнички премин за понатамошна постапка.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико