Десет лица уапсени за нападот во „Шарли ебдо“ | Правдико

Правдико

   

Десет лица уапсени за нападот во „Шарли ебдо“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Десет лица се уапсени во рамки на истрагата за осомничени кои снабдувале со оружје еден од тројцата напаѓачи на редакцијата „Шарли ебдо“ во јануари 2015 година кога беа убиени 17 луѓе, соопшти обвинителството во Париз.

Во меѓувреме, во предградие на Париз, биле уапсени четири лица во рамки на антитерористичка операција. Тие се сомничат дека го снабдиле со оружје Анеди Кулибали, кој убил четири лица во продавница во источниот дел на Париз, како и жена полицаец во одделен инцидент.

Кулибали бил соучесник на браќата Шериф и Саид Куаши кои убиле 12 лица во нападот на „Шарли ебдо“. И тие се убиени во престрелка со полицијата, потсетуваат француските медиуми.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико