Десетина маскирани лица нападнале група момчиња | Правдико

Правдико

   

Десетина маскирани лица нападнале група момчиња

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Десетина непознати маскирани лица нападнале група момчиња во неделата вечерта околу 21 часот на булеварот Кузман Јосифовски – Питу во Скопје.

napad-maskirani-lica

Осумнаесетгодишниот Р.О. пријавил дека додека се шетал со неговите другари и соседи Ф.К.(21) и еден седумнаесетгодишник и еден петнаесетгодишник, сите од Скопје, биле пресретнати од околу десетина непознати маскирани лица, кои без повод и причина физички  ги нападнале Р.О. и седумнаесетгодишникот.

Истите ги удирале со раце и нозе во пределот на главата и телото, при што на Р.О. од џебот на тренерката му одзеле 1 000 денари. Ф.К. и петнаесетгодишникот успеале да побегнат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико