Десетина приведени во полициска акција во западна Македонија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Повеќе од 10 лица се приведени, а неколкумина се во бегство, во полициската акција која трае во западна Македонија, главно во Гостивар и околината. Запленети се и 20 – тина луксузни возила.
Како што изјави за МИА помошник министерот во МВР Иво Котевски се работи за членови на поголема кримнална група која подолг период наназад на подрачејто на западна Македонија вршеле тешки кривични дела како што се насилство, лихварство, изнуда, перење пари и низа други кривични дела.
Меѓу осомничените има и адвокати и извршители, кои им помагле на членовите на криминалната група.
Еден од осомночените при претресот во неговиот дом почнал да пука кон полицијата, но, нагласи Котевски, во инцидентот нема повредени лица.
Извор: Алсат-М