Дескоска: Гласот на судството го слушаме само кога треба да се поделат пари | Правдико

Правдико

   

Дескоска: Гласот на судството го слушаме само кога треба да се поделат пари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерката за правда, Рената Дескоска, на прес-конференција ја повика антикорупциската комисија да го испита имотот на судиите и обвинителите како прв чекор кон проверка.

Дескоска рече дека не може за судството да се разговара само кога се во прашање парите.

„Слушавме за примери во кои судски доставувачи возат подобри автомобили од некои судови, слушаме за бизнис-зделки меѓу судии обвинители и адвокати и за тоа очекуваме реакција и од Обвинителството и од Судскиот совет. Но, за жал, гласот од редовите на судството го слушаме само кога станува збор за распределбата на пари. Судската власт има најмала доверба во јавноста и има најмалку легитимитет да говори за покачување на платите“, оцени таа откако денеска судската администрација излезе на протест за додатоците на плата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико