Дескоска: Ќе бараме отповикување на одлуката за азил на Груевски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за правда ќе бара отповикување на одлуката за азил на Никола Груевски, што по експресна постапка ја донесе Унгарија. Министерката за правда, Рената Дескоска, изјави дека ќе биде испратено барање до Унгарците да ја преиспитаат одлуката за азил дадена на осудениот експремиер.
Таа вели дека со новите измени на Законот за азилот во Унгарија предвидена е оваа можност отповикување азил. Ако Груевски не добие унгарско државјанство, неговата дозвола за азил повторно ќе биде ставена на разгледување по истекот на три години.
„Има и други можности, видете ги и другите закони. Унгарија има нов закон што се однесува на азилот, кој е прилично рестриктивен и кој дава можност дури и за отповикување на дадена одлука за азил. Владата размислува да испрати барање за отповикување на одлуката за азил од причина што доколку одлуката е заснована врз определени факти, кои не се такви какви што се, државата има право да ја поништи таа одлука. Гледајќи го унгарскиот закон, оние што добиваат азил, доколку не добијат државјанство на државата или трајно жителство, нивната одлука за азил се преиспитува по службена должност на секои три години“, вели Дескоска.
Извор: Макфакс