Дескоска на конференција во Виена за тоа како новите генерации да се едуцираат за владеење на правото
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерката за правда, Рената Дескоска, во Виена учествува на конференција насловена како „Едукација за владеење на правото: Инспирирајте. Направете промена. Заедно“, која се одржува од „Иницијативата за Едукација за правда“ во рамки на глобалната програма на Обединетите нации за борба против наркотици и криминал (УНОДЦ).
На конференцијата на која учествуваат министри за правда и министри за образование, во фокус на дискусијата е Декларацијата од Доха – првиот документ усвоен од земјите членки на Обединетите нации што конкретно ги поврзува образованието и спречувањето на криминалот, кривичната правда и другите аспекти на владеењето на правото.
„Целта на настанот е да ѝ се овозможи на меѓународната заедница да разговара за начините и средствата за промовирање на образованието за владеење на правото. Севкупно, целта е преку образование за владеење на правото да се оспособи следната генерација да стане глобално општествено одговорен актер со здрав морален и етички компас – подготвени граѓани да се справат со светските предизвици поврзани со владеењето на правото“, објаснуваат од Министерството за правда.
За време на кратката посета на Виена, министерката оствари и средба со извршниот директор на Канцеларијата на Обединетите нации за борба против наркотици и криминал (УНОДЦ) Јури Федотов, со кој разговараше за реформите кои земјата ги презема за борба против организираниот криминал и корупција.
Извор: Макфакс