Дескоска на Меѓународна конференција на врховни и уставни судии во Индија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерката за правда, Рената Дескоска, деновиве како почесен гостин учествува на 20. Меѓународна конференција на врховни и уставни судии од светот, која се одржува во Лакнау, Индија.
Темата на овогодишната конференција е „Обединување на светот за правата на децата преку применливо меѓународно право и ефикасно меѓународно владеење“.
Во рамките на конференцијата, министерката за правда ќе се обрати на првата пленарна сесија посветена на владеењето на правото и човековите права. На конференцијата покрај судии учествуваат и министри за правда, претседатели на парламенти и поранешни шефови на држави.
Извор: Макфакс