Дескоска на министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан | Правдико

Правдико

   

Дескоска на министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Mинистерката за правда, Рената Дескоска, денеска и утре учествува на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи ЕУ – Западен Балкан, кој се одржува во Тирана, Република Албанија, под покровителство на Австриското претседателство со Европската Унија.

Првата сесија на која ќе учествува министерката Дескоска е „Јакнење на владеењето на правото – унапредување на стандардите во судството”. Во фокусот на оваа сесија ќе бидат ефикасноста и квалитетот на правосудниот систем.

„Влијанието на реформите во правосудството врз ефикасноста, квалитетот и независноста на правосудните системи – индикатори за мерење на напредокот”, е втората сесија на која ќе учествува министерката Дескоска, а во чиј фокус ќе бидат следењето на влијанието на реформите во правосудството.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико