Дескоска: Проверката не може да заврши пред изборите | Правдико

Правдико

   

Дескоска: Проверката не може да заврши пред изборите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во организација на Институтот за европски политики (ЕПИ) и Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ се одржа дијалог за јавни политики на тема „Имплементација на стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година“, на кој учествуваше и министерката Дескоска.

Во изјава за медиумите Дескоска истакна дека најголемиот дел од законите е донесени, но дека недостига нивна имплементација.

„Останува клучниот предизвик на Советот на јавните обвинители и Судскиот совет да почнат со спроведување на реформите со цел да добиеме независно професионално судство и особено Јавно обвинителство имајќи предвид дека клучните почетоци на сите постапки во борба против криминалот и корупцијата треба да почнат од Јавното обвинителство. Уште пострашно е ако какви било сомневања постојат дека во Јавното обвинителство се затајуваат одредени предмети, дека не се преземаат одредени активности, без оглед дали станува збор за активности на самите јавни обвинители или со други носители на функции“, истакна министерката за правда, Рената Дескоска.

За ветингот, односно проверката, министерката истакна дека процесот на ветинг бара двотретинско мнозинство, а дека тој процес не може да заврши пред изборите.

„Ниеден процес не треба да биде избрзан, но мене ми е драго дека веќе се јакне свеста и се отвора дебата и во рамките на самите правосудни институции дека потребни се одредени корекции во нивното работење“, потенцира Дескоска.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико