Дескоска – Закон за амнестија треба да подготви собраниското тело за помирување | Правдико

Правдико

   

Дескоска – Закон за амнестија треба да подготви собраниското тело за помирување

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерството за правда не работи на никаков закон за амнестија во врска со настаните од 27 април. Тој треба да биде подготвен од телото за помирување во Собранието, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.

Одговарајќи на новинарско прашање пред обраќањето на Националната конференција на тема „Унапредување на механизмите за обезбедување пристап до правда“, таа го повтори ставот дека за насилствата не смее да има амнестија, во која насока, рече е и изјавата на премиерот Зоран Заев, во која тој направи разлика меѓу оние кои биле вклучени во насилството и другите.

За тоа кои сè лица ќе бидат опфатени со евентуалниот закон за амнестија, ќе зависи од ставот на телото за помирување.

„Во законот за амнестија треба да се дефинира точно кои кривични дела врз основа на Кривичниот законик би ги опфатило. Јас не им ги знам обвинителните акти, ниту сум ги проучувала. Тоа е прашање што треба да се разговара во телото во Собранието“, рече Дескоска. Според неа, доколку се донесе закон за амнестија тоа нема да биде удар врз судството.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико