Деветмина скопјани ќе добијат глоби од 2.000 евра за прекршување на полицискиот час | Правдико

Правдико

   

Деветмина скопјани ќе добијат глоби од 2.000 евра за прекршување на полицискиот час

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Скопското Основно јавно обвинителство до надлежниот суд поднесе предлози за казни против вкупно девет лица за кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Обвинетите, во одвоени настани, во периодот од 10 до 14 март, не го почитувале полицискиот час и се движеле на разни локации во градот.

Надлежните јавни обвинители за сите обвинети предложиле глоби од 2.000 евра во денарска противвредност (по 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра).​

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико