Правдико

   

Деветмина уапсени во акцијата „Арсенал“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полицијата поднесе кривични пријави против деветмина луѓе кои се товарат дека го оштетиле буџетот за над 2,7 милиони долари со незаконско сервисирањето на армиските хеликоптери во Украина.

88F91A68-AE85-445F-9EC8-AABC89B58FC3_w640_r1_s

Кривични пријави против девет лица поднесе Министерството за внатрешни работи по спроведувањето на денешната акција наречена „Арсенал“. Осомничените се товарат дека ја оштетиле државната каса за 2 милиони и 768 илјади долари, односно дека незаконски било спроведено сервисирањето на хеликоптерите на армијата во Украина.

Повеќето од нив се сопственици, основачи, директори или управители на фирми во Кипар, Бугарија, Велика Британија и Македонија. Меѓу нив е и поранешниот началник на секторот за логистика при Министерството за одбрана. Приведените се од Скопје, Кочани Струга и Пробиштип и на возраст од 51 до 67 години.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Иво Котевски, вели дека кривичните дела се случиле од 2004 до 2009 година.

„Сервисот е направен, платени се сумите на украинската фирма којашто го вршела сервисот на хеликоптерите, но освен таа сума, практично е преплатена и со фиктивни фактури голем дел од парите коишто за таа намена биле одвоени од Министерството за одбрана незаконски се прелеале на фирми во Република Македонија и надвор од Република Македонија“, рече Котевски.

Приведените се осомничени за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластувања, перење пари, фалсификување и уништување на деловни книги. На прашањето како интерните контроли на Министерството за одбрана не го откриле случајот, Котевски вели дека не би можел да говори во нивно име.

„Министерството за внатрешни работи подолг период наназад работеше на документирање на ова кривично дело, така што во оној момент кога ги завршивме нашите активности и проверките коишто требаше да бидат направени, во координација со Јавното обвинителство денеска во раните утрински часови беше реализирана“, рече Котевски.

Министерството за одбрана соопшти дека ја поддржува истрагата која ја спроведува МВР и оти целосно е отворено за соработка со институцијата за расветлување на случајот.

Извор: Радио Слободна Европа

Партнери на Правдико