Деветнаесетгодишен кичевец силувал врсничка | Правдико

Правдико

   

Деветнаесетгодишен кичевец силувал врсничка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

siluvanje rapeДеветнаесетодишен жител на кичевското село Осој силувал врсничка, а против него е поднесена кривична пријава и се наоѓа во битолскиот затвор каде одлежува притвор во траење од осум дена.

Силувањето се случило на 6-ти октомври, пред повеќе од шест дена, попладнето околу 16 часот покрај железничката линија во близина на кичевската населба каде живеела девојката.

Силувачот од зад грб, мошне брзо ѝ се доближил на девојката и физички ја нападнал ставајќи ѝ ги рацете на нејзиното лице, ја соборил на земја и започнал да ја допира по целото тело.

Девојката активно се спротивставила и започнала гласно да вика барајќи помош. Силувачот се обидел со раце да ѝ ја затвори устата, но откако не успеал да го спречи нејзиното викање и отпор, веднаш избегал.

Во консултации со Jавен обвинител, полициската станица од Кичево ги презел неопходните мерки за пронаоѓање на сторителот. На 13-ти овој месец, Р.Х. е лишен од слобода а потоа, во присуство на Jавен обвинител извршено е соочување со пријавениот и негово препознавање од страна на оштетената девојка.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико