Девизните резерви се намалуваат поради намирување на надворешните обврски на државата | Правдико

Правдико

   

Девизните резерви се намалуваат поради намирување на надворешните обврски на државата

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Според последните расположливи податоци за третото тримесечје на 2015 година, девизните резерви бележат пад. Гледано преку факторите на промена, намалувањето на резервите во овој период е последица, пред сѐ на редовното намирување на надворешните обврски од страна на државата, а во многу мал дел и на нето-продажбата на девизи на девизниот пазар од страна на НБРМ, информираат од Народната банка на Македонија.

09dfed23-55f9-4526-bf77-e638a0fbc587-zavrshi-erata-na-rast-na-deviznite-rezervi-252083

„На девизниот пазар, во август беа регистрирани стабилни движења, под влијание на сезонски фактори. Девизната позиција на банките се задржа на релативно високо ниво, при што во првата половина на месецот Народната банка интервенираше со откуп на девизи од банките-поддржувачи. Споредено на годишна основа, движењата на девизниот пазар и натаму се релативно подобри, со доминантен придонес на новите производствени капацитети, коишто влијаат во насока на одржување на повисока понуда на девизи во домашната економија. Исто така, намалениот увоз на енергенти (нафта и електрична енергија) влијае во насока на пониска побарувачка на девизи. Од показателите за надворешниот сектор, единствени расположливи податоци за третиот квартал се податоците за надворешнотрговската размена во јули и за нето-откупот од менувачкото работење со август, коишто засега навестуваат движење во проектираните рамки. Анализата на показателите на адекватност на девизните резерви покажува дека тие и понатаму се движат во сигурна зона„, велат од НБРМ.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико