Девојка нападната во дискотека во Градски парк
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Осумнаесетгодишна девојка пријавила во полиција дека била нападната од непознат маж во дискотека во Градскиот парк.
Според информациите на МВР, вчера во раните утрински часови, околу 5 и 50 часот, А.В. (18) пријавила во полиција дека истиот ден околу 03.00 часот во дискотека во Градски Парк била физички нападната од непознато машко лице. Кога влегла во дискотеката и додека се качувала по скалите да оди на горниот дел, физички била нападната од непознато лице. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Извор: Макфакс