Правдико

   

Девојки во Охрид биле измамени дека ги фотографираат за модели, завршиле на сајт за контакти

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Двајца мажи од Свети Николе на возраст од 29 и 31 година измамиле четири девојки на плажа во Охрид дека ќе ги фотографираат за потребите на модна агенција во Србија, од кои понатаму ќе се избирале манекенки, презентерки, фотомодели и ќе се снимале спотови.

„Пријавените, на четирите девојки им исплатиле по 600 денари, а потоа им ги фотографирале и личните документи. Eдна година по настанот, истите фотографии и лични податоци на четирите девојки од Охрид, без нивно знаење и нивна согласност, биле објавени на вебсајт креиран за остварување контакти“, соопшти МВР за овој случај.

Против двајцата мажи, поднесена е  кривична пријава.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико