Дезертирале повеќе од 10.000 украински војници | Правдико

Правдико

   

Дезертирале повеќе од 10.000 украински војници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

vojnici-ukraina1Од почетокот на кризата во југоисточна Украина на 24 април 2014 година, дезертирале повеќе од 10.000 војници.

Најмногу дезертери имало во првиот круг на мобилизација, и тоа околку 30 отсто од повиканите.

Од почетокот на конфликтот во Украина имало шест бранови на мобилизација, со што бројот на украински војници се искачи од 130.00 на 232.000 до крајот на 2014 година.

Многу Украинци кои беа против мобилизацијата ја напуштија земјата. Околу 1,3 милиони воено способни Украинци живеат во Русија.

Киев започна војна во Донбас против бунтовниците кои не ја признаваат новата украинска влада, после пучот со кој беше сменет претседателот Виктор Јанукович. Бунтовниците се борат за независна република во реонот на Доњецк и Луганск.

Во конфликотот според официјалните податоци до сега загинале 6.500 луѓе, додека неофицијалните податоци говорат дека бројот на жртвите е неколку десетици илјади.

Извор: META.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико