ДЕЖУРСТВА – права на здраствените работници | Правдико

Правдико

   

ДЕЖУРСТВА – права на здраствените работници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Работодавачот може да воведе дежурства заради обезбедување на континуирана здраствена заштита во случаите кога не е во состојба, односно гога не постојат услови за обезбедување на континуирана здраствена заштита со работа во смени.

doktoriЗдравствената установа може да воведе дежурство со кое се обезбедува непрекината 24-часовна здравствена дејност, само по исклучок доколку со oрганизирањето на работата во смени не е во можност да обезбеди непрекинато вршење на здравствената дејност.

Здравствениот работник кој дежура е должен да биде присутен во здравствената установа за време на траењето на дежурството.  Дежурството може да се воведе ноќе, во со закон определени празници и од работа слободни денови.  Одлуката за воведувањето и обемот на дежурството во здравствената установа, како  и за определување на здравствениот работник кој треба да дежура, ја донесува директорот на здравствената установа по добиена согласност од министерот за здравство. 

Здравствениот работник за кој со одлука е воведено дежурство има право на додаток на плата за работа на дежурство согласно со закон и колективен договор.

Посебни случаи на дежурство

Здравствен работник кој наполнил 57 години возраст за жена и 59 години возраст за маж, мајка со дете до три годишна возраст или родител кој негува дете со пречки во психичкиот и физичкиот развој, има право да не дежура. Здравствен работник кој го остварува правото претходно навеедените е должен најдоцна три месеци од денот кога бара да го остварува правото писмено да го извести директорот на здравствената установа.

По исклучок  здравствениот работник е должен на барање на директорот на здравствената установа да спроведува дежурство во следниве случаи:

– во случаи на природни или други несреќи, епидемии и во други случаи во кои се загрозени животот и здравјето на луѓето, заради што дошло до зголемен обем на работа при обезбедувањето на непрекинатата здравствена дејност,

– кога се загрозени животот и здравјето на луѓето и не е можно поинаку да се организира 24-часовно вршење на здравствената дејност, но само додека тоа е неопходно за да се спасат животите и здравјето на луѓето,

– кога во здравствената установа, заради старосната структура на здравствените работници, нема други организациски можности за обезбедување на 24-часовно вршење на непрекината здравствена дејност и

– кога е загрозено обезбедувањето на 24-часовното вршење на здравствената дејност заради отсуство на здравствени работници, но само за времетраењето на отсуствата.

Здравствениот работник го спроведува дежурството од погоренаведените случаи  врз основа на писмено барање од директорот на здравствената установа.

Право на додаток за дежурство

Додатокот за работа во дежурство е составен дел од платата на здравствениот работник и здравствениот соработник согласно со гранковиот колективен договор. Работникот има право на додаток за дежурство во хируршките гранки во износ од 100%, а во другите гранки 80% од саатнината за редовно работно време.

Заштита на правата на работникот

Заради остварување на правата од работен однос, работникот има право да поднесе барање, односно приговор до Управниот одбор, односно работодавачот, Синдикатот, инспекциските органи, надлежниот суд и други органи во согласност со закон. Постапката по барањето, односно приговорот е ИТНА. Во постапката пред Управниот одбор (орган) кој одлучува по барањето или приговорот, работникот има право да присуствува и притоа да биде застапуван од Синдикатот.

Глоба во износ од 3.000 до 4.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на директорот на здравствената установа ако воведе континуирано дежурство без согласност од Министерството за здравство.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико