Џафери даде исказ пред ЈОРМ за настаните од 27 април
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска даде исказ во Јавното обвинителство на Република Македонија во врска со настаните и насилствата од 27 април во Парламентот. Со неговиот исказ, смета дека ќе придонесе за соодветно формулирање на настанатите дела како и за откривање на сторителите и за припадници на МВР кои не презеле соодветни мерки за заштита на пратениците, новинарите и други повредени лица.
– Ja испочитував граѓанската обврска да одговарам на повикот на соодветната инстититуција во која дадов свој исказ и свое видување по однос на настанот од 27 април. Мислам дека мојот исказ ќе придонесе соодветната институција да има соодветни докази и третман. Тие што насилно влегле повеќето беа со намера да ги загрозат физички животите на пратениците, новнарите и сите кои беа присутни тоа време во Собранието, рече Џафери.
Смета дека од неговиот исказ ќе се извлече и соодветен заклучок по однос на формулирањето на кривично-правниот настан од 27 април и оти соодветно ќе се преземат кривично-правни мерки за учесниците и на оние кои не делувале за време на насилствата, како што се пратениците кои ги отвориле вратите во Собранието, но и вработени во МВР кои не го попречувале насилството.
Извор: Нова Македонија