Џафери најави можен продолжен работен викенд, Зврлевски на дневен ред | Правдико

Правдико

   

Џафери најави можен продолжен работен викенд, Зврлевски на дневен ред

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Точката за разрешување на државниот обвинител Марко Зврлевски, најверојатно, утре ќе се најде на дневен ред. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави дека таква можност се отвора со изминувањето десет дена комисиска расправа за ребалансот на буџетот.

„До свикување нова седница за донесување ребаланс на буџетот може да се работи на пленум за другите недовршени прашања, меѓи кои и за разрешувањето на Зврлевски, тоа е динамиката што е предвидена со Деловникот. Секако дека ќе ја свикам утре, петок е работен ден, иако е ден кога пратениците имаат можност за средби со граѓаните во своите канцеларии. Но, имајќи ја предвид потребата, јас користам деловничка можност, утре, ако треба и сабота и недела, ќе работиме по седниците кои се заостанати“, рече Џафери.

Тој соопшти и дека за Илинден ќе присуствува во Крушево како дел од прославата за 2 Август. Не откри дали првин ќе се обрати на македонски или албански јазик.

„Според плановите на организацискиот одбор за одбележување на Илинден, според системот на ротација мене ми дојде редоследот оваа година да бидам во Крушево. Известувам дека ќе се обратам на 2 август од Крушево по повод празникот“, рече Џафери.

Тој го потврди и датумот за локалните избори дека ќе ги распише на 6 август ако сè тече според соодветната динамика. За изборот на потпретседатели рече дека е во процедура и сè уште нема договормеѓу партиите, иако негов предлог е да има 5 потпретседатели на Собранието, тројца од владејачките, двајца од опозициските партии.

Денеска Џафери даваше отчет за сработеното во првите сто дена од работата на Собранието. Го избрал денешниот ден, како што рече, симболично со датумот на неговиот избор за претседател на законодавниот дом.

Г.Н.Р.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико