Правдико

   

Џафери: згрешив за Законот за Советот на ЈО

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска обраќајќи им се на граѓаните по вчерашното распуштање на Парламентот и распишување на предвремените парламентарни избори на 12 април апелираше до сите учесници во изборниот процес да бидат, како што рече, на висина на задачата.

Изборниот ден, рече Џафери, треба да биде уште еден позитивен прилог во извештајот за напредокот на земјата што треба да биде објавен во март со што ќе се даде значаен удел во позитивниот исход на Самитот во Загреб и како што додаде, земјава да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Во врска со вчерашното носење на Законот за јавно обвинителство и повтореното гласање откако во првото гласаа 74 пратеници, шест помалку од неопходните 80, по што Џафери го поништи тој рече дека законот е донесен во соодветна процедура. Според претседателот на Собранието до тоа дошло отипратениците се пожалиле дека не можеле да гласаат поради проблем со техниката по што тој им овозможил.

Во врска со другата забелешка на ВМРО-ДПМНЕ дека и Законот за Советот за јавни обвинители не е донесен бидејќи требал да се гласа со бадентерово мнозинство, а тоа не се случило, Џафери рече дека се работи за негова грешка.

„Јас укажав пратениците да се подготват да гласаат со Бадентер, но сфатив дека сум во грешка. Тоа е моја грешка. Официјалниот дел од сценариото, кој што е архивиран е дека законот е изгласан без Бадентер, а така е впрочем и според Уставот. Основниот закон е донесен без Бадентер и доплнувањата се носат без Бадентер. Тоа може да се потврди и со листингот на гласање. Да јас згрешив. Мислам дека не е крај на светот ако човек каже, да јас згрешив“, рече Џафери.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико