Џихадистите со 11 правила за новинарите кои сакаат да ги следат | Правдико

Правдико

   

Џихадистите со 11 правила за новинарите кои сакаат да ги следат

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Џихадистите од Исламската држава(ИД) составиле правилник од 11 точки за новинарите кои известуваат од областа Деир Езор во Сирија.

09102014212414_508594_isil-sirija-2ap_ff

Исламистите навеле дека за правилата не се дискутира, а тие подразбираат новинарите да му се заколнат на верност на калифот Абу Бакру ал Багдади, кој е водач на Исламската држава, како и обврска секоја вест пред објавување да биде проверена во прес-службата на оваа екстремистичка организација.

Новинарите добиле дозволи да работат за меѓународните агенции, како што се Ројтерс, Асошиејтид прес и Франс прес, но им е забрането да соработуваат со кој и да е меѓународен или локален ТВ канал. Интересно е тоа што правилата не се конечни и што ИД го задржува правото да ги менува. Дел од новинарите потпишале договор за прифаќање на правилата додека дел од нив одбиле тоа да го сторат и го напуштиле собирот.

Правилата се:

1. Известувачите да му се заколнат на верност на калифот Абу Бакру ал Багдади, што значи дека тие се поданици на ИД.

2. Нивното работење ќе биде под надзор на прес-службата на ИД.

3. Можат да работат на меѓународните новински агенции, но не и за телевизиски канали, односно, им се забранува да известуваат со звук или слика.

4. При покривањето на настаните сите објавени текстови и фотографии мораат да бидат потпишани.

5. Забрането е да се објавуваат репортажи без прво да се обратат до прес-службата на ИД.

6. Забрането е да се работи за ТВ канали што се на црната листа на организацијата, како што се „Ал Арабија“, „Ал Џезеира“ и „Оријент“. Престапниците ќе бидат санкционирани.

7. Новинарите можат да имаат свои налози на социјалните мрежи, но  претходно мора да ги достават сите податоци со прес-службата.

8. При фотографирање на територијата на ИД, мора да се одбегнуваат забранетите локации и безбедносни настани.

9. Прес-службата на ИД ќе го следи работењето на новинарите на територијата на ИД и во државните медиуми, а секоја злоупотреба ќе резултира со суспензија и одговорност.

10. Правилата не се конечни и ќе се менуваат во зависност од околностите и од степенот на соработка помеѓу новинарите, како и од нивната посветеност кон ИД.

11. Новинарите добиваат дозвола за работа откако за тоа ќе поднесат барање до прес-службата на ИД.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико