Џолев дал изјава во суд по пријавата од Панчевски | Правдико

Правдико

   

Џолев дал изјава во суд по пријавата од Панчевски

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Иван Џолев, судија од Основниот суд Скопје 1-Скопје, во понеделник, во Основното јавно обвинителство-Скопје дал исказ пред надлежен Обвинител, по пријава која што против него ја поднесе Владимир Панчевски, сега веќе поранешен претседател на скопскиот кривичен суд.

pancevski-1

Распитот на судијата Џолев доаѓа откако тој претходно, до истото Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Панчевски, а со која тој обвини дека тогашниот претседател, пред нешто повеќе од две години, му извршил влијание при донесување на судско решение, во предмет кој се однесува за странски државјани.

Скопското Обвинителство не најде вина кај Панчевски и пријавата беше отфрлена. Во решението на Обвинителството беше наведено дека намерата на Панчевски била во насока на забрзување на судските постапки кои се водат во кривичниот суд.

Откако пријавата беше отфрлена Владимир Панчевски му поднесе кривична пријава на судијата Иван Џолев, обвинувајќи го притоа за лажно пријавување.

Инаку, Иван Џолев важи за главен претендент за функцијата претседател на Основниот суд Скопје 1-Скопје, иако на истата функција претендира и Владимир Панчевски, зад чие име веќе месеци наназад се врзуваат серија скандали, а беше обвинет и за бројни опструкции при постапува на Специјалното јавно обвинителство.

За вторник е закажана и седница на Советот за утврдување на факти, на која судијата Иван Џолев ќе ги изнесе своите ставови, односно ќе проговори за начинот на кој што Панчевски вршел притисоци при донесување на одлуки.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико