Џолев: Ги закопавме воените секири со Панчевски | Правдико

Правдико

   

Џолев: Ги закопавме воените секири со Панчевски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Новоименуваниот претседател на кривичниот суд, Иван Џолев, при давањето заклетва рече дека нема да дозволи политички влијанија во судот. „Нема алиби ако состојбите во кривичен суд не се подобрат“, повлече Џолев.

Тој најави дека пред да го донесе годишниот распоред за судиите, ќе разговара со сите одделно, а ќе направи анализа за тоа што било сработено во изминатиот период. „Промени ќе има, а ќе има и преструктурирања“, рече Џолев. Тој додаде дека итни прераспоредувања на судиите нема да има и дека ќе биде почитувана волјата на секој судија.

На новинарско прашање по давањето на заклетвата, рече дека што се однесува до него се закопани воените секири со неговиот претходник Владимир Панчевски.

В.М.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико