Џулијан Асанж планира да ја напушти Британија, ќе бара азил во Русија | Правдико

Правдико

   

Џулијан Асанж планира да ја напушти Британија, ќе бара азил во Русија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Џулијан Асанж планира да ја напушти Велика Британија и да побара помош од Русија, како власти кои му се блиски, според документите што протекоа од „Викиликс“.

Јас, Џулијан Асанж, му давам целосно овластување на мојот пријател Израел Самир да го земе мојот пасош за да добијам виза – му напишал Асанж на рускиот конзулат во Лондон во писмо од 30 ноември 2010 година. Писмото е дел од документите објавени од агенцијата АП, каде што се и нивните електронски пораки, финансиските извештаи, тајно направени снимки и други документи.

Во извештајот од Твитер, „Викиликс” тврди дека Асанж не напишал писмо со барање за виза од Русија и тврди дека поранешниот соработник на Асанж бил одговорен за документите.

Истиот ден кога го испрати писмото до Русите, Интерпол издаде меѓународен налог за апсење на Асанж, кого го бараа во Шведска поради обвиненија за силување и сексуално вознемирување.

Во 2012 година Асанж ја прескокна кауцијата и побара азил во Амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што престојува оттогаш.

Во јуни оваа година судот во Лондон наложи дека британскиот налог за апсење на Асанж сé уште е валиден. Иако обвинувањата на Шведска сега се отфрлени, Асанж сé уште се соочува со закана од притвор за кршење на условите за исплата на кауција во Велика Британија.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико