Дијаспората може да добие три пратеника ако гласаат сите пријавени | Правдико

Правдико

   

Дијаспората може да добие три пратеника ако гласаат сите пријавени

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пријавувањето на гласачи од дијаспората завршува денеска, а според последните информации од Државната изборна комисија, досега се пријавени повеќе од 18.600 граѓани. Од ДИК очекуваат до полноќ, додека трае пријавувањето, оваа бројка да надмине 19.000 граѓани. Како што велат од комисијата, пак, доколку на изборите на 11 декември гласаат сите пријавени, дијаспората може да добие три пратеника.

referendum_glasa_k_617987s1-1

Според измените во Изборниот законик, за да биде избран пратеник од дијаспората, тој ќе треба да освои околу 6.500 гласови, а најмногу може да се добијат три пратеника од седмата изборна единица во кои влегуваат Северна и Јужна Америка, Европа и Австралија.

Досега само ДУИ објави листа и за седмата изборна единица, односно за дијаспората. Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе имаат кандидати, додека од СДСМ засега нема најава за учество во оваа изборна единица.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико