ДИК до вторник ќе ги објави имињата на спорните гласачи | Правдико

Правдико

   

ДИК до вторник ќе ги објави имињата на спорните гласачи

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК) до вторник ќе бидат објавени имињата на 39.502 спорни гласачи во избирачкиот список. Тие при последната теренска проверка не биле пронајдени дома или за нив нема пронајдено повеќе записи во институциите.

dik-860x680

ДИК ќе подготви упатства и формулар за пријавување, по што ќе објави јавен повик на својата страница, како и на страниците на дипломатско-конзуларните претставништва, за да може да прочитаат и оние македонски државјани кои живеат во странство.

Рокот за пријавување е 25 дена.

Овие нови задолженија ДИК ги презема по договорот на четирите политички партии и со измените во Изборниот законик.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико