ДИК ги објасни условите за успешен референдум | Правдико

Правдико

   

ДИК ги објасни условите за успешен референдум

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Условите кои треба да бидат исполнети на претстојниот консултативен референдум се половина од гласачите плус еден да излезат на гласање и половина од излезените плус еден да гласаат „за“, велат од Државната изборна комисија на денешен брифинг.

Објаснувајќи ја разликата за условите кои треба да се исполнат за обврзувачки референдум, од ДИК објаснуваат дека кога има задолжителен референдум потребно е апсолутно мнозинство, односно 50 отсто плус еден од гласачите да се „за.“

„Тоа е во случај на менување граница, стапување во сојуз со други држави, за конфедерација. Во иднина кога ќе ги завршиме разговорите по поглавјата за пристап во ЕУ повторно ќе мора да организираме референдум за членство, тогаш би бил задолжителен референдум со апсолутно мнозинство, а за НАТО веќе има донесено одлука Собранието во 1993 година“, велат од ДИК.

Оттаму потврдија дека молкот пред референдумот е 48 часа, дека приемот на материјалите ќе биде во ДИК, а резултатите за излезноста на денот на референдумот ќе бидат соопштувани шест пати.

Извор:Радио слободна Европа

 

Препорачуваме

Партнери на Правдико