ДИК ги одби сите приговори за првиот круг од локалните избори | Правдико

Правдико

   

ДИК ги одби сите приговори за првиот круг од локалните избори

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите приговори на политичките партии поднесени за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата, 15 октомври.

Сдницата на која се разгледуваа приговорите заврши доцна синоќа.

До ДИК беа поднесени вкупно 46 приговори од кои 43 имаше поднесено ВМРО-ДПМНЕ. По еден приговор поднесоа и ТМРО, „Алијансата на Албанците“ и Левица.

Партиите против одлуките на ДИК можат да поднесат тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Судот е должен да донесе одлука 48 часа по приемот на жалбата.

Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико