ДИК ги повика граѓаните да направат увид во избирачкиот список
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Државната изборна комисија на веб-страницата упати апел до граѓаните да направат увид на податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците. Избирачкиот список кој се става на јавен увид е направен со податоци на граѓаните кои заклучно со 1 февруари 2017 година, станале полнолетни.
Јавниот увид може да се изврши на официјалната веб страница на Државната изборна комисија и во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија. Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во Подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија.
Оваа постапка на ДИК е во период кога виси мандатот на градоначалниците, а не се закажани ниту локалните избори.
Извор: Макфакс