ДИК го донесе роковникот за претседателските избори | Правдико

Правдико

   

ДИК го донесе роковникот за претседателските избори

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државната изборна комисија го донесе роковникот за престојните претседателски избори. Претходно, претседателот на Собранието на Македонија Велјановски донесе одлука за распишување на избори за претседател на државата.

Со одредбите од решението за распишување на претседателски избори се предвидува првиот круг на изборот на претседател да се одржи на 13-ти април, а доколку не биде избран претседател ќе се одржи и втор круг, кој е предвидено да се реализира по 14 дена од првиот круг, односно на 27-ми април. Изборната кампања започнува дваесет дена пред денот на изборите и ќе трае до 11 април. Денот пред изборите е предвиден како ден за предизборен молк.

izbori„Роковникот, којшто денеска на седница го донесе ДИК, е составен согласно Изборниот законик и најновите измени, што беа консензуално донесени во Собранието на Македонија“, истакна претседателот на ДИК Никола Рилкоски, кој додаде дека јавниот увид во избирачкиот список ќе започне на 16-ти февруари и ќе трае до седми март.

Рилкоски денеска исто така ги повика политичките партии да ги почитуваат одредбите на Изборниот законик. Според него, досега нема сознанија за прекршување на законикот, но како што вели, доколку постојат такви состојби, тогаш за прекршителот на одредбите од овој законик секако дека ќе се преземе сѐ што е во нивна можност.

Рилкоски повтори дека највисокото изборно тело е подготвено за одржување изборите.

Според роковникот, листите на кандидати треба да се поднесат најдоцна 30 дена пред денот на изборите, односно до 13. март 2014 година.

Лицата кои сакаат самостојно да настапат на изборите, и кои ги исполнуваат сите услови предвидени со Закон, ќе треба да соберат 10 илјади потписи во периодот од 16. февруари до 2. март.

За првпат на претседателски избори ќе гласа и дијаспората. Државјаните на Македонија, кои се на привремен престој или работа во странство, односно кои се надвор од државата повеќе од три месеци, треба да се пријават со пополнување на обрасци кои ќе може да ги најдат на вебстраницата на ДИК, како и во конзуларните претставништва во дијаспората.

Препорачуваме

Партнери на Правдико