Правдико

   

ДИК ќе замени 3.480 печати на изборните комисии со нови

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

dik1Државната изборна комисија ќе ги замени сите постоечки печати на изборните комисии со нови. Станува збор за 3.480 печати кои ќе бидат заменети сo нови, а одлуката на ДИK доаѓа откако беше констатирано дека недостигаат 47 печати од Oпштината Бутел oд претходниот изборен циклус.

На седницата на која беше донесена ваквата одлука, дел од членовите на ДИК оценија дека исчезнатите печати не можат да се злоупотребат и дека нивната замена е непотребен трошок.

„Не гледам никаква логика. Овие печати не може да се злоупотребат затоа што се користат од страна на избирачките совети на денот на изборите. На гласачкото ливче со става печат кој го носи бројот на избирачкото место“, вели Бедредин Ибраими, член на ДИК.

Новите печати ќе имаат поинакви карактеристики од досегашните, кои ќе бидат прогласени за неважечки и ќе бидат поништени.

Инаку, на синоќешната седница ДИК донесе одлука печатницата „Киро Дандаро“ од Битола да го изработи и да го испечати доверливииот изборен материјал, како и избирачкиот список за изборите на 11 декември.

Членовите на ДИК одлучувале помеѓу понудите на „Киро Дандаро“ и на печатницата „Европа“.

Битолската печатница го печатеше изборниот материјал и во претходните изборни циклуси.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико