ДИК: Најдоцна до 11 август да се утврдат ценовниците за политичко рекламирање
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Државната изборна комисија ги известува сите радиодифузери, печатени и електронски медиуми (интернет-портали) дека во согласност со Изборниот законик се должни во рок од пет дена од денот на распишување на изборите да ги утврдат ценовниците за платено политичко рекламирање на учесниците во изборниот процес најдоцна до 11 август 2017 година.
Во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-портали) се должни ценовниците да ги достават до Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата, а радиодифузерите да ги достават до Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и Државната комисија за спречување на корупцијата.
Од Државната изборна комисија додаваат дека во периодот од утврдување на ценовниците до започнување на изборната кампања радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-портали) се должни најмалку двапати јавно да ги објават ценовниците на своите програми, односно во своите изданија, и тоа во период од 11 август до 25 септември 2017 година.
Во согласност со Изборниот законик утврдените ценовници не смеат да се менуваат во текот на изборната кампања.
Извор: Макфакс