ДИК не е надлежна за барањето за мислење од Чулев | Правдико

Правдико

   

ДИК не е надлежна за барањето за мислење од Чулев

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница утврди дека решението за назначување на раководна позиција од страна на министерот за внатрешни работи не претставува акт или документ кој се однесува на правни финансиски или кадровски прашања поврзани со организација на изборите, за што тие имаат законски ингеренции да одлучуваат.

Членовите на Државната изборна комисија едногласно гласаа за овој заклучок укажувајќи дека не се надлежни да одлучуваат по барањето мислење на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во врска со одлуката за именувањето на Ристо Ставревски за шеф на СВР – Скопје, која не беше потпишана од дополнителната заменик-министерка во МВР Славјанка Петровска.

Согласно Законот за Влада, за одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада се потребни два потписа, односно тие имаат врзани потписи, а во случај на несогласување ДИК е должна во рок од 24 часа да донесе одлука која се смета за конечна. Чулев и Петровска се согласија за другите раководни позиции во МВР освен за Ставревски, кој за дополнителната заменик-министерка беше неприфатлив оти го имало во аудио снимки од кои можело да се чуе дека тој врши притисоци врз гласачи.

Извор: Радио слободна Европа 

Препорачуваме

Партнери на Правдико