ДИК ненадлежна за барањето на Чулев | Правдико

Правдико

   

ДИК ненадлежна за барањето на Чулев

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државната изборна комисија едногласно го отфрли како недозволено барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, во кое тој бара членовите на највисокото изборно тело во државата да го толкуваат членот 46 од Законот за Влада и неговите надлежности. Членовите на ДИК истакнаа дека тие не се овластени да даваат мислења, ниту оценки за законитоста на законите и наведоа дека тоа на може да го даде само собраниската Законодавно – правна комисија.

Чулев вчера кажа дека испратил барање до ДИК поврзано со секојдневните активности на МВР, како што се одржувањето јавен ред и мир, откривање и процесуирање кривични дела од организираниот криминал. Тој вели дека со врзаните потписи се успорува работата и се влијае на намалување на ефикасноста на МВР во однос на секојдневните такви активности.

Согласно Законот за Влада, за одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада се потребни два потписа, во овој случај од министерот Чулев и од дополнителната заменичка министерка Славјанка Петровска.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико