ДИК убедува дека гласачкото ливче има целосна заштита за тајност | Правдико

Правдико

   

ДИК убедува дека гласачкото ливче има целосна заштита за тајност

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Со нови мерки и повисок степен на тајност ќе се спроведува гласањето за претседателските избори на дијаспората, болните, раселените и лицата на издржување затворска казна, убедуваат од Државната изборна комисија.

drzavna-izborna

Според заменик претседателот на ДИК Субхи Јакупи извршени се поголеми подготовки за да се отстранат некои недостатоци кои ги следеа претходните избори. Тој убедува дека гласачкото ливче е целосно заштитено.

Јакупи уверува и дека се решени и дилемите околу тоа дали при гласањето на дијаспората, болните и лицата кои издржуваат затворска казна може да се дознае кој како гласал. Ако се има предвид дека се работи за мал број лица дали може да се спореди редниот број на ливчето и заведените лица кои гласале и на тој начин да дознаат кој како гласал и со тоа да се повреди правото на тајност.

Во ДИК денеска се одвиваше гласање на вкупно 294 членови на избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во дијаспората, која ќе гласа во сабота во дипломатско конзуларните претставништва на земјава.

Од вкупно запишани 70.305 за гласање се пријавиле 8 332 македонски граѓани. Во сабота правото на глас ќе го остварат и 39 раселени лица, 1 704 затвореници, како и болни и изнемоштени кои се пријавиле дека поради неможност да се движат сакаат да гласаат во своите домови.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико