ДИК утре ќе одлучува по приговорите на СДСМ и на Беса
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Државната изборна комисија (ДИК) за утре ја закажа седницата на која треба да расправа и да одлучува по приговорите од партиите што се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември.
Во ДИК сè уште го немаат утврдено времето кога ќе се одржи седницата и велат дека за тоа дополнително ќе информираат.
„Државната изборна комисија известува дека седницата за расправање и за одлучување по приговорите од подносителите на листи на кандидати за пратеници ќе се одржи во текот на утрешниот (15 декември 2016 година). За точното време на одржување на седницата ДИК навремено ќе ги извести овластените претставници, акредитираните набљудувачи и медиумите“, стои во соопштението од ДИК.
Крајниот рок до кога Државната изборна комисија треба да одлучи по приговорите истекува утре во 19 часот, односно 48 часа по крајниот рок за прием на приговорите, кој истече вчера во 19 часот.
До Државната изборна комисија поднесени се вкупно 16 приговори, по осум од СДСМ и од Беса.
Приговорите на Беса, како што соопштија вчера за „Мета“ од ДИК, се однесуваат на општините Арачиново, Тетово, Гази Баба и Липково, а приговорите на СДСМ, според портпаролот на партијата, Петре Шилегов, се однесуваат на избирачки места во шестата изборна единица.
Извор: Мета.мк