Димитров најави регионален став за новата рампа од ЕУ
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров, ќе разговара со министрите од регионот за да определат заеднички став во однос на најавата од ЕУ дека воведува влез на граѓаните од балканските земји што имаат безвизен режим.
– Сакаме да бидеме дел од ЕУ, а следен чекор би бил дел од шенген-зоната. Во таа смисла слободата на движењето е исклучително важна. Целиот регион, а особено граѓаните на Косово, имаат интерес од визната либерализација – посочи Димитров. Тој најави дека ќе стори сè со цел да се избегнат дополнителните тешкотии во слободата на движењето.
– Ќе разговарам со сите мои колеги од регионот за да најдеме начин да укажеме дека дополнителни обременувања на таа слобода на движење не се корисни. Рано е да се зборува за тоа што може да се преземе понатаму во делот на евентуално воведување реципрочни мерки од наша страна. Сакаме поголема отвореност, а не дополнително затворање во однос ЕУ кон нашиот регион и кон Македонија – додаде Димитров.
Според шефот на косовската дипломатија, Беџет Пацоли, оваа мерка нема да трае долго бидејќи 2018 година ќе биде решавачка во однос на зголемување на слободата на движење за граѓаните на Косово.
Воведувањето на системот ЕТИАС ќе бара од жителите на балканските држави и другите земји кои не се членки на ЕУ, но имаат безвизен режим со Унијата, да пополнат електронски формулар со своите податоци и да уплатат такса од 10 евра за влез во ЕУ.
Извор: Макфакс