Правдико

   

Димитров: Преговорите со ЕУ се огромна шанса да создадеме европски услови за живот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, учествуваше на видеосостанок заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, ЕУ-амбасадорот Самуел Жбогар и амбасадорите на  земјите членки на ЕУ во земјата, на иницијатива на хрватската амбасада во Северна Македонија во својство на хрватското претседателство со Советот на ЕУ. Повод на состанокот беше одбележувањето на крајот на шестмесечното претседавање на Хрватска со Советот на ЕУ, како и редовна размена на мислења и информации за пристапниот процес на Северна Македонија. Се зборуваше и за најновите случувања во ЕУ и на домашен план, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите од ЕУ и регионот на Западен Балкан во справувањето со  пандемијата на Ковид-19.

„Преговорите со ЕУ се огромна шанса да создадеме европски услови за живот и работа за македонските граѓани. Уверени сме дека во втората половина на годината нашите тимови ќе почнат со конкретната работа врз поглавјата, односно кластерите на законодавството на ЕУ, како што е според новата методологија за водење на преговорите. Заедно со амбасадорите на ЕУ разменивме мислења околу состојбата со коронавирусот на европскиот континент и изразивме надеж дека започнатото единство и солидарност во справувањето со оваа закана помеѓу ЕУ и регионот на Западен Балкан ќе продолжи и понатаму со уште поголем интензитет и координација, особено во претстојниот период кога полека ќе почнат да се отвораат границите за слободно патување на нашите граѓани и ќе биде потребно да се обезбеди економско закрепнување за нашите компании“, рече Димитров.

Во своето излагање министерот Димитров се заблагодари за силната поддршка на Хрватска за европската перспектива на земјата, истакнувајќи дека токму во нејзиното претседателство со Советот со ЕУ се донесоа важни одлуки за политиката на проширување на ЕУ, а особено одлуката за Северна Македонија за почеток на  пристапните преговори за ЕУ.

„Хрватското претседателство во мошне тешки околности и големи предизвици успеа да ја одржи политиката за проширување високо на агендата на ЕУ и тоа е големо постигнување“, истакна Димитров.

На средбата се реафирмираше и посветеноста на Северна Македонија кон продолжување со европскиот курс, реформските процеси и унапредување на добрососедските односи. Северна Македонија е подготвена и со нетрпение го очекува усвојувањето на преговарачката рамка и закажувањето на првата меѓувладина конференција што ќе означи конкретен почеток на преговорите.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико