Димовски најавува иницијатива пред Уставен суд за Законот за јазиците | Правдико

Правдико

   

Димовски најавува иницијатива пред Уставен суд за Законот за јазиците

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, најавува иницијатива пред Уставен суд доколку претседателот Ѓорге Иванов не го потпише указот за Законот за употреба за јазиците и ако пратениците го изгласаат овој закон кога повторно би се вратил на седница. Тој на својот Фејсбук-профил го повика Иванов да не го потпишува исказот и пратениците да не го гласаат овој закон кога повторно ќе се врати на седница во Собрание.

„Доколку и покрај укажувањата на целокупната јавност, пратениците на СДСМ повторно одлучат да гласаат за овој закон, најавувам дека ќе поведам иницијатива пред Уставен суд за поништување на овој закон“, напиша Димовски.

Законот за употреба на јазиците пред два дена беше изгласан во Собранието. „Многупати низ дискусиите во Собранието кажав, но еве и да повторам: Законот за употреба на јазиците (Законот за двојазичност) е штетен, дезинтегрирачки дискриминирачки и целосно неуставен документ. Овој закон е донесен како плод на партиски пазарења помеѓу партиите, а не како плод на суштинска, длабока и сеопфатна анализа на реалните потреби на нашите сограѓани од помалубројните етнички заедници (Албанците, но и сите други помали заедници). Процедурата за донесување на овој закон во Собранието беше целосно неделовничка и спротивна на основните демократски стандарди. Овој закон е донесен насила. Овој закон ја загрозува позицијата на македонскиот јазик во Република Македонија, но и ја загрозува унитарноста и иднината на нашата држава“, напиша Димовски.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико