Правдико

   

Директор и раководител им наредиле на вработени во работно време да им ги градат викендичките

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Секторот за внатрешни работи – Велес поднесе кривична пријава против И.А. (45) и М.П. (51), двајцата од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во временскиот период од 2015 до 2017 година првопријавениот како директор на Јавното претпријатие „Комуналец“–Кавадарци, и второпријавениот, како раководител на „Водовод и канализација“ при Јавното претпријатие „Комуналец“ – Кавадарци, им наредиле на дел од вработените во текот на работното време да извршуваат градежни работи на нивните приватни викендички.

На овој начин, по основа на исплатени бруто плати за ангажираните работници, го оштетиле Јавното претпријатие „Комуналец“- Кавадарци за 234.281 денари.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико